Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска преку видео порака ја честиташе Новата година со желби секој да биде уште подобар и да верува во своите соништа бидејќи, како што вели, соништата носат подобро утре.
Во видео пораката, Царовска вели дека годината што измина била посебна за неа, но и за семејствата на кои им била потребна поддршка.
Весели новогодишни празници?Следната година да бидеме уште подобри и да веруваме во своите соништа!, напиша Царовска.