По средбата со невладините организации, денес Министерката за образвоание и наука, Мила Царовска, посочи дека поддршката е дадена, и тие по детално прочитаниот концепт се засегнати навистина образованието да има вистински вредности во својата реформа.
-На средбата со невладините организации беше покажа недвосмислената поддршка за новата концепција за основно образование бидејќи таа се базира на родова еднаквост,мултикултура и инклузивност, како и импементирање на вистинските вредности, истакна Царовска.
На новинарско прашање, како е предвидено да бидат споени одредени предмети, таа вели:
-Имавме примери од општествени и политички науки. Сметам дека е јасно се во оваа концепција. Ова ќе даде детална слика и пошироки познавања на учениците и пристап кон науките.