Македонија 23. ноември 2018. / 14:32

Царовска: Наша цел е да ја зајакнеме инспекциската служба која со години била уништувана

Царовска: Наша цел е да ја зајакнеме инспекциската служба која со години била уништувана

Инспекциската служба со години била рушена и уништувана. Нашата цел е оваа служба да ја зајакнеме и унапредиме, бидејќи тому таа ќе биде една од клучните алки во спроведувањето на социјалната реформа и исплатата на гарантираниот минимален приход.

Ова го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на денешниот состанок со инспекторите кои работат во областа на социјална заштита.

На состанокот се разговараше за моменталната состојба на инспекциската служба и за идните актвивности кои ги преземе министерството со цел да го зајакне капацитетот на оваа служба, непосредно пред почетокот на спроведување на новата социјална реформа.

Во следниот период ќе се интензивира работата на терен, континуирано ќе се следи работата на социјалните центри секаде низ Македонија. Исто така ќе се организираат активности за доедукација на вработените во инспекциската служба, со цел да се зајакне кадарот, соопшти МТСП.