Македонија 29. јуни 2019. / 15:22

Царовска на „Парада на Гордоста”: Владата сака маргинализираните групи да ги направи видливи

Царовска на „Парада на Гордоста”: Владата сака маргинализираните групи да ги направи видливи

На „Парадата на Гордоста” која денеска почна во Жена борец, а заврши во Градскиот Парк во Скопје, беше пратеникот кој даде оставка, Павле Богоевски, како и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Министерката за труд и социјална политика кажа дека Владата со измена на законите овие две години што ја засегаат ЛГБТ заедницата, но и со намерата тие да се применат, сака овие маргинализирани групи да ги направи видливи и да не ги изгуби како потенцијал за државата, пренесе СДК.МК.

На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.