Во текот на вчерашниот ден јавноста сведочеше како општина Карпош вработува ментори само ако имаат партиски книшка од СДСМ. Министерката за обравоание, Мила Царовска се уште молчи за овој скандал, пишува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.
Како да не ѝ беше доволно што таа нејзина реформа за промена на образованиот модел не беше прифатена, а исто така беше и многу критикувана од страна на голем број академици и граѓани, па сега молчи за скандалот кој се појави вчера каде партиските списоци на СДСМ служат за тоа како да се изберат професори ментори во општина Карпош.
Имено, претседателот на општинскиот комитетет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски од Карпош на својот фб профил објави фотографии каде јасно се гледа на кој начин се избираат наставници ментори во општина Карпош.
– Да ги направиме славни денес и Општината и нивните подобни ментори. СДСМ Општинска Карпош порачува, Стефан Богоев извршува, просто. Тоа е финската реформа на Царовска. Дури и професор ментор се избира во нивната општинска.Кариера, квалификации и професионалност се неважни. Има книшка или наши=подобен, сите останати неподобни.Да имаше ставено меморандум на известувањето ќе vи кажев дури и браво, се вели во статусот на Јаревски.
Имено за ова укажаа и од ВМРО-ДПМНЕ каде посочија дека СДСМ Карпош наредува за наставник ментор, а градоначалникот Стефан Богоев извршува.
– СДСМ се насанка самата во своите лаги. СДСМ вработува свои партиски војници. Според „финската“ реформа на Царовска се вработуваат наставници само со партиска книшка.Таков обелоденет случај е и во СДСМ Општинска Карпош каде што тие наредуваат, а Стефан Богоев извршува.Срамота, професор ментор се избира во нивната општинска.Според методологијата на СДСМ кариера, квалификации и професионалност се неважни за вработување.Работа според СДСМ добиваш ако имаш партиска книшка.Толку од концептот за реформи во образованието на Мила Царовска, се вработуваат партиски војници за наставници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.