Македонија 16. декември 2020. / 12:41

(СКАНДАЛ) Царовска ќе го брише предметот „Историја“, ќе се воведе нов предмет „Општествени науки“

(СКАНДАЛ) Царовска ќе го брише предметот „Историја“, ќе се воведе нов предмет „Општествени науки“

Министерката Царовсковата, информацијата дека историја ќе се изучува како дел од општествените науки, го објасни како промени кои се во согласност со развиените земји каде има интеграција на природни и општествени науки.

Таа негира дека спојувањето на историја со другите предмети се должи на моменталниот спор со Бугарија и негирањето на бугарската страна на нашата историја.

– Исто, предметот по биологија и предметот по хемија се интегрираат во исто време кога се отвора дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки што се случува секаде во светот во развиените земји коишто постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, граѓани, иднина којашто ќе може да ја движи оваа држава кон економски и социјален развој. Токму затоа образованието и промените коишто ги правиме се создадени врз основа на анализи коишто се претходно добро подготвени врз основа на одредени методологии коишто даваат точно каде се критичните точки. А критичните точки се дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски без да поврзуваат, истакна Царовска.

Таа потенцира дека е потребен концепт на преминување од фактичко учење кон размислување или училиште во коешто ќе се учи најзначајното.

– Тоа се новите генерации коишто треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат, да анализираат различна литература и да донесуваат одлуки врз основа на анализите коишто самостојно ги направиле, вели министерката.

Царовска потенцира дека концепцијата за основно образование е развојна. Таа се базира на домашни и меѓународни истражувања, но исто така и на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование коишто даваат одлични резултати кај учениците.

– И ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден, како главно носечки, и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е секаде во светот, во развиените земји, поставен како таков. Зошто? Затоа што кажав дека на тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи да учат и критички да размислуваат за одредена тема. Исто така даваме можност учениците да го постигнат својот личен потенцијал од најмала возраст. И секако, училиштето треба да не учи на вредности коишто во изминатиот период и не така баш беа воспоставени во системите за образование, рече Царовска.

Таа апелира професорите, учениците и наставници да ги следат промените.

– Ќе има јавна презентација. Сега сме во дискусија со засегнатите страни и процесот ќе биде транспарентен, рече Царовска.