Македонија 08. февруари 2020. / 11:39

Царовска: Изборите ќе бидат на 12 април, но Собранието ќе работи до усвојување на законот за ОЈО

Царовска: Изборите ќе бидат на 12 април, но Собранието ќе работи до усвојување на законот за ОЈО

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, информира дека консултациите за законот за јавно обвинителство ќе продолжат и во текот на денот и во моментот кога сите елементи ќе бидат исполнети законот ќе се најде на гласање.

Царовска вели дека изборите се најавени за 12. април и тоа е така, но секое одложување и замајување на јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ со одложување на главни закони и можност за нивно гласање, ќе донесе само до подолго функционирање на Парламентот, иако самите избори ќе останат на 12 април.

Во однос на законот за јавно обвинителство се преговара и во моментот кога сите елементи ќе бидат исполнети тој ќе се најде на гласање. Сите оние кои што сметаат дека оваа држава треба да се движи напред, да создаваме иднина за младите и за сите нас останати е важно да ја дигнат својата рака за тој закон се со цел да ги отвориме перспективите на оваа држава и да продолжиме да чекориме со ист интензитет како и овие две и пол години – вели Царовска.

Според неа, Владата има консензус по сите прашања и штом се види дека законот за обвинителство треба да поставен на дневен ред на Владата, значи дека имало одлука дека тој закон е добар.

Царовска не откри колку пратеници во моментот го поддржуваат законот и за што се преговара.

– Во моментот кога ќе се стави на гласање ќе го знаеме бројот на пратеници кои застанале зад државата и веруваат дека оваа држава треба да се движи напред – порача потпретседателката на СДСМ