Скопското јавно обвинителство ја повика министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во петок на 8 февруари да даде исказ за кривичната пријава која ја поднесе Министерството за труд и социјална политика, потврдија за „Макфакс“ од Обвинителството.
Поканата до Царовска доаѓа откако до скопското јавно обвинителство беше поднесена кривична пријава против непознати сторители за неуплаќањето средства во вториот пензиски столб на 12 илјади осигуреници. Царовска ќе треба прва пред обвинителот да ги објасни наодите од кривичната пријава.
Според изјавата на Царовска дадена минатата недела, деветнаесет милиони евра за пензиско осигурување во изминатите десет години не се уплаќани во вториот пензински столб.