Деновиве сме сведоци дека актуелната хибридна власт започна со шиканирање на вработените во Царинската управа на Република Македонија, пишува Курир.
На партиски неподобните лица вработени во Царинската Управа започнаа да им се доделуваат решенија за прераспоредување од едно работно место на друго, притоа не водејќи сметка за патните трошоци кој ќе паднат на грбот на вработениот, а евидентно е дека дел од прераспоредените царинските службеници се деградирани и со пониски звања.
Во очи на престојните парламентарни избори СДСМ започна да се пресметува со неистомислениците па така, дел од вработените наместо времени прераспоредувања добиваат решенија на неопределено време.
Изговорот на менаџментот е дека царинските службеници се прераспоредуваат поради интерес на Царинската управа, за потребата на царинската испостава, заради ефикасно и рационално искористување на човечките ресурси. Работните задачи кои ќе ги извршуваат царинските службеници се со помала сложеност, помал коефициент и помалку бодови, кое пак води до помала плата, а друга страна зголемените патни трошоци јанамалуваат и така недоволната плата.
Со новите прераспоредувања без да се почитува нивното знаење, професионално искуство и квалификации, како и постигнатите резултати во изминатиот период, се нарушува нормалната функција и работа по царинските испостави во Република Македонија .
Власта покрај тоа што спроведуваше лоши економски политики дополнително го усложни работењето за домашните стопанственици и со пуштање во употреба на новиот систем за обработка на декларации кој секојдневно работи отежанато и со прекини, без никој да преземе одговорност за неговата нефункционалност .
И како дополнување на претходното , кога професионалците се прераспоредуваат на несоодветни места, тука власта си вдоми стотина партиски апаратчици со оглас на определено време. Тоа се истите луѓе вработени и во 2019 година преку партиски штабови.
Тие јавно се поборници на негативните политики на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери, а беа вдомени во Царинската управа со договори на определено време под изговор дека поради зголемен обем на работа потребни се вработувања до крајот на тековната фискална година.
И наместо Царинската Управа на Република Македонија да тежнее кон професионализација, таа оди кон класична партизација. Не ретко по испоставите овие договорци на определено време потпишуваат и работат документи за кои немаат овластување за истото.
Во дел од испоставите нема ниту просторен капацитет за да ги сместат сите ниту пак технички капацитет како компјутери и слично.
Се поставува прашањето како е можно докажани професионалци да бидат менувани со неискусни лица кои се вработени со договор на определено време. Како е можно овие лица да добијат униформа, дел од нив поминале оскудна обука, но истите немаат поминато менторска програма или полагање на испит преку кој ќе докажат дека се подготвени за работа.
Дел од овие лица покрај тоа што не поседуваат униформа, не поседуваат беџови за идентификација или идентификациони картички, работат и се активно вклучени во информатичките системи на Царинската управа на Република Македонија.
Само во 2019 година за договорите на определно време од Буџетот на Република Македонија се потрошени близу половина милион евра, кои за жал се непродуктивни и во иднина треба да бидат предмет на дополнителна контрола.
5 лица, кадар на СДСМ и ДУИ, со иницијалите Б.В. на ЦИ Блаце, Н.Б. на ЦИ Блаце, Д.Г. на ЦИ Блаце, Д.Ѓ. на ЦИ Јажинце, С.Т. на ЦИ Тетово и А.Ф. на ЦИ Јажинце се лица кои не поседуваат идентификациони картички, немаат беџови, немаат униформа. Дури и тие што имаат обезбедено униформа, прашање е дали смеат да ја употребуваат без соодветни решенија односно овластувања.