Македонија 02. мај 2018. / 21:13

Бујар Османи: Нема да го прифатиме Богов за гувернер

Бујар Османи: Нема да го прифатиме Богов за гувернер

Нема да го прифатиме Богов за гувернер – изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во емисијата 24 анализа.

Во случајот имавме најдобро професионално решение за таа позиција со домашно и меѓународно признание и сметавме дека Фатмир Бесими е најдоброто решение за успех за таа институција. Ние нема да го поддржиме едностраниот предлог на Иванов остануваме на мислењето дека Бесими е најдоброто решение и ќе се обидмеме да ги убедиме партиите дека тоа е најдоброто решение.

Предлогот на Иванов ја искомпликува коодринацијата, требаше да се почне од базична координација од СДСМ, и но наметнувањето на едно партиски решение од Иванов ја отежна комуникацијата. Сега ќе треба паралелно од иницијативата на Иванов да има паралелени координации. Но, ДУИ нема дефинитивно да го поддржи предлогот на Иванов. Иванов продолжува да биде деструктивниот фактор во државата и да создава ситуација Македонија да остане без гувернер. И СДСМ е во незгодна позиција. И за нив е ова наметнат предлог за кој треба да се произнесе партијата – изјави Османи во 24 анализа.