Македонија 01. октомври 2018. / 11:32

Бугарското МНР за референдумот: Не губете време, решете го проблемот

Бугарското МНР за референдумот: Не губете време, решете го проблемот

,Политичката елита на нашиот сосед мора да покаже зрелост и да најде начин да ги реши тешките проблеми. Заложбата е иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Референдумот е највисока демократска практика, со изразена волја на оние кои учествуваа и кои не учествуваа.

Граѓаните имаа слободен избор, и повеќе од 90 проценти од гласачите на овој консултативен референдум се изјаснија дека категорично се за евроатлантска интеграција“, се вели во соопштението на МНР на Бугарија во врска со референдумот во земјава.

Бугарското МНР смета дека гласот на граѓаните не може да се игнорира.„Големо мнозинство на граѓани се за членство во ЕУ и во НАТО. Губењето време не е од корист, ниту за земјата, ниту за регионот. Република Бугарија ќе продолжи да ги поддржува нашите браќа и сестри од Република Македонија и интеграцијата на државата во ЕУ и во НАТО“, се додава во соопштението.