Македонија 31. декември 2020. / 10:43

Бугарско МНР бара Скопје да ги заштити своите граѓани со бугарска самосвест

Бугарско МНР бара Скопје да ги заштити своите граѓани со бугарска самосвест

Властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и за заштита на нивните граѓани со бугарска самосвест, повика бугарското Министерство за надворешни работи на официјалната Фејсбук страна.

-Министерството за надворешни работи внимателно ги следи постојаните објави на социјалните мрежи со списоци на бугарски граѓани во Република Македонија, со повици за земање на нештата во свои раце и справување со нив. Очекуваме властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и заштита на нивните граѓани со бугарска самосвест, се вели во објавата.