Македонија 10. април 2018. / 14:06

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев до Рената Дескоска: Да се променат учебниците по историја во Македонија

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев до Рената Дескоска: Да се променат учебниците по историја во Македонија

Откако Македонија го потпиша договорот за добрососедство со Бугарија. Сега бугарите бараат Македонија да се придржува до договорот. Откако бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, остро реагираше на вчерашната изјава на министерката за образование, Рената Дескоска дека нема да се менуваат историските факти во учебниците. Тој побара да се променат, учебниците по историја во Македонија.

„Вака нема да се разбереме со поранешните комунисти на Тито. Не може да се продолжи со лаги во книгите, како во Македонија, така и во Бугарија“, напиша Ковачев на својот профил на Фејсбук.

Нема ништо поважно од тоа да се разбираме меѓусебно. Не се оптеретувајте со историја, живејте го животот, порача Борисов на 23 ноември, на заедничката владина седница на Бугарија и Македонија.

Инаку, на 1-август минатата година бугарскиот и македонскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје потпишаа Договор за добрососедство и соработка.