Македонија 14. мај 2018. / 19:11

Бугарската црква ја одби поканата од МПЦ за заедничка прослава

Бугарската црква ја одби поканата од МПЦ за заедничка прослава

Бугарската православна црква ја одбила поканата на Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија – дознава Алфа од свои извори.

Првиот човек на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, од Охрид упати пак денес повика, до како што рече сите наши братски, балкански народи да бидат дел од одбележувањето на 1 милениумското постоење на Охридската архиепископија. Тој не знаеше дали на 27-ми и 28-ми мај, на овој јубилеј кој значи духовна сувереност на нашиот народ, ќе присуствува бугарскиот патријарх Неофит и државниот врв на Бугарија. Охридската архиепископија има значење за сите православни народи, но останува високиот клир на БПЦ и бугарските државен врв да одлучат дали ќе се одважат на поканата – додае тој.

– Колку што сум информирам од МПЦ упатени се покани за присуство и до патријархот на Бугарската православна црква и до претседателот на Р.Бугарија мислам би било убаво доколку би присуствувале на ова големо торжество, дали ќе присуствуваат или не во овај момент не можам да потврдам.

И Српската православна црква соопшти дека ќе ја одбележи илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија и тоа во рамки на подготовките за прославата на афотокефалноста на СПЦ.

– Апсолутно за мене е позитивно што СПЦ го одбележува јубилејот од формирањето на Охридската архиепископија и во тоа нема ништо лошо.

Согласно програмата, централната свеченост ќе почне на 27-ми мај со свечена академија под покровителство на Претседалот Иванов со пригодни обраќања на државниот и црковниот врв. На 28-ми ќе се одржи литургиско чествување со кое ќе чиноначалствува Поглаварот на МПЦ и светиот архерејски Синод.

Општината Охрид изгорви промотивнио видео за одбележувањето на „1000 годишнината од формирање на Охридската архиепископија”, јубел на кој ќе настапува и Македонската Филхармонија.

– Ќе настапи камерниот оркестар на Македонската филхармонија во придружба со хоровите од братството на манастирот Рајчица и манастирот Свети Јован Бигорски.

– Да се погрижиме сите заедно да помине овој не мал јубилеј во една искрена, духовна, мирна но сепак значајна свеченост.

Активностите ќе почнат со концерт групата ,,Мизар” на 24 мај на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.