Македонија 18. септември 2018. / 12:10

Бугарите се „запалија“ по изјавата на Камчев за Договорот за добрососедство

Бугарите се „запалија“ по изјавата на Камчев за Договорот за добрососедство

Бугарските медиуми го споделуваат интервјуто на Орце Камчев кое го даде за Фактор.

Тие пишуваат:

„Најбогатиот Македонец: Бугарија ни е најблиска, Заев и Борисов решија децениски спор“, „Најбогатиот Македонец: Бугарија ни е најблиска, изгубивме 27 години со историски глупости“, „Најбогатиот Македонец: Бугарија ни е најблиска“

Тие го пренесуваат делот од интевјуто во кое Камчев вели дека за него Бугарија е најблиска земја и дека Заев и Борисов имаа храброст да решат долгогодишно прашање.

„За мене Бугарија е најубавата и најблиска земја и народ од сите овие локални наши земји. Видете сега се што има Бугарија која што е членка на Европска унија. Незнам колку нови тунели, железници , инфраструктура, патиштата се прават … а ние денеска сме последна земја од Европската унија. Бојко Борисов и Зоран Заев имаа храброста да го решат брзо вештачкото неразбирање што го имавме од повеќе од деценија и го потпишаа минатата година договорот за Пријателство. Тоа беше клучно и ни даде шанса да направиме компромис и со Грција. Затоа мора да имаме успешен референдум , ако не се решиме денеска, утре нема да не биде, и тоа треба да им стане јасно на сите“, рече Камчев во интервјуто кое може да го прочитате тука.

Во интервјуто Камчев најголемиот работодавец во Македонија ги кажува неговите ставови за клучните прашања кои ни претстојат, својата претприемачка приказна и визија, но и отворено зборува за своите минати пријателски релации.