Бугарија ја поздравува одлуката на македонското Собрание што го отвора процесот на европските и евроатлантските интеграции на таа држава, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.
„Веруваме дека е ова право и единствено одговорно решение кое дава шанса за благосостојба на сите граѓани во регионот. Ги поздравуваме сите членови на парламентот кои гласаа за нашата заедничка иднина во НАТО и ЕУ. Ние како земја ќе продолжиме и понатаму да бидеме најискрени и најблиски пријатели на овој процес“, наведува Захариева во соопштението објавено од Министерството за надворешни работи на Бугарија.