Македонија 09. декември 2020. / 08:21

Бучковски заминува во Софија на средби со државниот врв

Бучковски заминува во Софија на средби со државниот врв

Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија.

Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.

По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи.

Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а в четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.

Универзитетскиот професор и поранешен премиер Бучковски Владата минатата недела го назначи за специјален пратеник во Бугарија.