Македонија 09. февруари 2019. / 15:31

Бучковски: Заев и Ципрас направија чудо, плативме висока цена, но тоа е нашата жртва за подобар живот

Бучковски: Заев и Ципрас направија чудо, плативме висока цена, но тоа е нашата жртва за подобар живот

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски во изјава за „БНР“, испрати поддржувачки пораки за решавањето на долгогодишниот спор за името со Грција.

Тоа за нашата држава тоа е голема придобивка. Членството на Македонија во НАТО има големо значење и за цела Европа воопшто. Ова е голем успех, а Заев и Ципрас направија чудо. Плативме висока цена, но тоа е нашата жртва за подобар живот, истакна Бучковски.