Македонија 14. октомври 2018. / 17:01

Бучковски ќе биде нов амабасадор во САД?

Бучковски ќе биде нов амабасадор во САД?

Според неформалниот список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на избрканиот член на СДСМ, Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД, објави Магазин.

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ според тоа е потенцијалниот кандидат за амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.

Бучковски, кој е познат и по аферата „Маѓар Телеком“ и „Тенковски делови“, беше исклучен од партијата во 2012-та, но во последно време односите се затоплуваат.