Македонија 06. март 2020. / 09:35

Бучковски: Добивање датум на 26 март нема да биде гаранција дека СДСМ ќе ги добие изборите

Бучковски: Добивање датум на 26 март нема да биде гаранција дека СДСМ ќе ги добие изборите

Поранешниот премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување на телевизија „Телма“ го изрази своето мислење дека евентуалното добивање на датум за преговори со ЕУ пред изборите, нема да има многу големо влијание.

Ако пред изборите го добиеме датумот, тоа ќе биде во полза на власта. Ако има датум за преговори на 26 март тоа ќе биде блага предност за СДСМ и Беса, но нема да биде гаранција дека ќе ги добијат изборите. Исходот на 26 март може да донесе еден пратеник повеќе на СДСМ во првата, евентуално во втората изборна единица и ништо повеќе – изјави Бучковски.