Македонија 03. јули 2020. / 09:30

Бројот на новозаразени троцифрен, брзо расте бројт на починати

Бројот на новозаразени троцифрен, брзо расте бројт на починати

Со вчерашните нови 173 потврдени случаи на Ковид-19, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625. Вчерашниот ден е обележан и по најголемата дневна бројка на починати од вирусот. Дури 15 пациенти ги загубија животите со што бројката на починати се искачи на 321. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.

Наголем број од пациентите починале во болницата „8 Септември“ каде починале девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица, на возраст 64, 73 и 80 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.