Македонија 08. јули 2020. / 15:23

Бројките не паѓаат: Осуммина починати и 163 новозаболени од корона вирусот

Бројките не паѓаат: Осуммина починати и 163 новозаболени од корона вирусот

Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406,  бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493. Еден од вчерашните тестови е контролен.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3573, активни 1895

• Куманово 813, активни 174

• Дебар 118, активни 65

• Штип 404, активни 159

• Прилеп 286, активни 55

• Тетово 805, активни 343

• Струга 282, активни 181

• Велес 198, активни 37

• Битола 63, активни 22

• Охрид 210, активни 181

• Кавадарци 22, активни 15

• Гостивар 180, активни 109

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 18, активни 10

• Крива Паланка 17, активни 11

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 7, активни 3

• Кочани 75, активни 17

• Пробиштип 28, активни 17

• Демир Хисар 3, активни 2

• Македонски Брод 6, активни 4

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 3, активни 0

• Валандово 6, активни 2

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 6, активни 3

• Свети Николе 56, активни 49

• Кичево 52, активни 43

• Ресен 127, активни 87

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)