Македонија 30. јануари 2020. / 20:12

Брнс: Ме загрижува недостатокот на можности поради кои младите ја напуштаат земјата

Брнс: Ме загрижува недостатокот на можности поради кои младите ја напуштаат земјата

Младите луѓе овде имаат неверојатен талент, имаат визија , ставови и идеи и кога се среќавам со нив , тие не се плашат да кажат каква иднина сакаат за себе,  изјави во интервју за Сител ТВ, американската амбасадорка во земјава Кејт Мaри Брнз.

Но она што ме загрижува е негативноста со која се опкружени , не само негативните гласови и притисоци туку вистински пречки како корупцијата , недостатокот на можности , пречки за остварување на визијата која ја имаат за себе, изјави Брнс.