Македонија 18. април 2018. / 15:25

Брнабиќ доаѓа во Скопје – за прв пат во Македонија

Брнабиќ доаѓа во Скопје – за прв пат во Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва доаѓа во Скопје, каде ќе учествува на работната вечера која ја организираат високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и македонскиот премиер Зоран Заев, сопштија од кабинетот на Брнабиќ.

Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев организираат вечера за премиерите на земјите од регионот на Западен Балкан, на иницијатива на високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика за време на нејзината посета на регионот, се наведува во кратката најава од кабинетот на Брнабиќ за нејзината прва посета во Македонија.