Македонија 30. април 2019. / 12:32

Британски експерт: Македонија, молам, секоја друга верзија е резултат на грчкото малтретирање

Британски експерт: Македонија, молам, секоја друга верзија е резултат на грчкото малтретирање

Британскиот експерт по меѓународен бизнис и економија, Том Лајнс, јавно се спротивствави на користењето на додавката Северна. Известувачот на новинската агенција Ројтерс и на други медиуми за теми од банкарството не се согласува со таквото именување на Македонија, бидејќи смета дека е спротивно на резултатите од референдумот од 30 септември.

-Македонија, молам. Тоа е името што таа земја си го избра за себе, поддржано и на национален референдум неодамна. Секоја друга верзија на името е резултат на неприфатливото грчко малтретирање, напиша тој на Твитер, коментирајќи вест каде наместо Македонија, пишува Северна Македонија.

 

Ова не е првпат Лајнс да зборува на оваа тема, бидејќи е убеден дека сите во светот оваа Македонија ја знаат како Македонија.

-Земјата се вика Македонија. Навредливо е да ја викате поинаку. Британски дипломат неодамна пишуваше дека во интерните документи, неговата влада секогаш ја именувала Македонија – Македонија, никогаш како ФИРОМ или Северна. Мислам дека тоа е така низ целиот свет, пишува Лајнс.

 

Лајнс има предавано плуралистичка економија и политичка економија на Универзитетот во Лондон, а претходно бил предавач по меѓународен бизнис на Универзитетот во Единбург.