Македонија 17. April 2019. / 10:47

Братот на Пендаровски е вработен во Агенцијата за Разузнавање – дали Стево ја искористил позицијата за да го вработи?

Братот на Пендаровски е вработен во Агенцијата за Разузнавање – дали Стево ја искористил позицијата за да го вработи?

Во предизборната кампања за претседатедателските избори, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски, го вклучи и своето семејство.

Неговата сопруга, професорката Елизабета Ѓоргиевска постојано го придружува Стево заедно со нивниот син а заедно снимаат и промотивни рекламни спотови. Но, на промотивната конвенција на претседателскиот кандидат се појави и неговиот брат Војче Пендаровски што може да се забележи на фотографиите од конвенцијата.

Како што дознава „Лидер“ од извор во Агенцијата за Разузнавање, братот на Пендаровски веќе подолго време е вработен во оваа институција, а со неговото вработување и работа се поврзуваат низа на интересни ситуации.

-Чудно е што Војче Пендаровски се вработува во Агенцијата за Разузнавање токму во моментите кога Стево е директор на секторот за аналитика во МВР и портпарол на министерството. Тој е вработен во нашата служба од 01.11.1999. Ако се има предвид дека АР е под директна надлежност на претседателот на државата, излегува дека Пендаровски (кој подоцна беше советник за национална безбедност на претседателот Трајковски и претседателот Црвенковски) и неговиот брат – работеле во иста институција. Во АР се зборува дека токиму Стево, кој во моментот на вработување на Војче бил на висока државна функција е оној кој го вработил својот брат во Агенцијата. – тврди за „Лидер“, изворот од Агенцијата за разузнавање.

Во исто време, како што дознаваме, симптоматично е и тоа што веќе неколку години, Агенцијата за Разузнавање му го има одземено службеното оружје на Војче Пендаровски затоа што бил дел од неколку инциденти со свои колеги.

-Во минатото имаше неколку напади од негова страна кон колеги. Беше пред бркање, тоа е забележано во неколку службени белешки. Но, секогаш кога ситуацијата ќе дојдеше за Војче да биде избркан од работа – Стево се јавуваше кај менаџментот и со своето политичко влијание го спасуваше од отказ. Сега, поради неговото однесување е оставен без оружје, но префрлен е во архивот на Агенцијата за разузнавање. – вели изворот на „Лидер“ од АР.

Агенцијата за Разузнавање е под надлежност на претседателот, што би значело директен конфликт на интерес доколку Пендаровски стане п0ретседател на државата. Во исто време, затоа што Антикорупциската комисија почна да работи и истражува случаи од минатото, во полза на јавниот интерес би било оваа институција да го истражи вработувањето на Војче Пендаровски и дали неговиот брат кој тогаш бил на висока функција учествувал во истото.

Самиот Стево Пендаровски, кој сега претендира да стане претседател, голем дел од својата кариера го гради токму во безбедносните служби на државата.

Во исто време, вчера тимот на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, ја обелодени аферата „Големото око“, според која кампањата Пендаровски нелегално преку апликации за телефонски уреди со андроид оперативен систем, незаконски прибирала лични податоци од граѓаните.

-Според независни ИТ експерти кои ги консултиравме постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата која што е поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата. Дополнително можеби уште пострашно, според индициите што ги имаме апликацијата се користи од членови на СДСМ кои што со нејзина помош добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани. – рече вчера Горан Момировски, член на изборниот штаб на Сиљановска.