Македонија,Хроника 08. ноември 2019. / 20:24

Братот на Мартин Нешкоски за бегството на Спасов: Избегал, мислам дај ве молам…

Братот на Мартин Нешкоски за бегството на Спасов: Избегал, мислам дај ве молам…

– Брзо се сушат солзите за туѓата болка, убиството на Мартин беше страшно, но уште пострашно е кога ќе осознаете дека ве ставиле во машина која ве врти, несвесни сте дека ја злоупотребиле вашата болка, претставувајќи се дека ви помагаат – вели за „Алфа“, братот на брутално убиениот Мартин Нешковски, Александар.

Тој вели дека во 2011 година целиот живот му се завртел животот за миг, прво Игор Спасов го уби брат му, неколку дена потоа татко му се самоуби. Истовремено имаше протести, многу политика и различни приказни, манипулации, политички игри, а, како што вели Александар,  целиот товар го носел сам иако никогаш ниту бил ниту ќе биде дел од политика.

– Јас морав да ги гледам сите и да ги анализирам од најблиските прво дома, роднини, пријатели, па луѓе што се на протестите, па организации, па врвот – вели братот на Мартин Нешковски.

Конкретно за бегството на Игор Спасов, Александар не сака да зборува без да ја открива причината зошто е тоа така. Тој вели дека за себе не се плаши, се плаши за семејството, за неговите деца.

– Свесно убиство, свесно пуштен, избегал, мислам дај ве молам – вели Нешкоски.

На прашањето дали верува дека Игор Спасов ќе се врати назад во затвор во Македонија, Александар вели дека не се ни труди да размислува на таа тема.

– Многу побитно е Игор Спасов како човек да си постави прашање што е животот воопшто која е суштината на животот да бидеш гневен, ладнокрвен убиец или да имаш привилегии да се насмееш и да уживаш со цел останат свет – вели Александар.

Игор Спасов, од 18 октомври е во бегство, откако Судот му дозволи прекин на казната од 14 месеци, тој не се врати во затвор и избега во Холандија. За убиството на Мартин беше осуден на 14 години затвор, а одлежа само половина од казната.