Македонија 23. август 2020. / 15:01

Братот на Фатмир Бесими го врати мандатот во Собранието!

Братот на Фатмир Бесими го врати мандатот во Собранието!

Братот на министерот Фатмир Бесими, Флорин  Бесими го враќа мандатот во Собранието. Преку соопштение информира дека оваа одлука ја донел откако биле објавени имињата на кандидатите за министри во новата влада, меѓу кои е и неговиот брат, но и со претходна консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Заедно на овие избори направивме голем исчекор и издвоивме историска победа. Морално сум обврзан да дадам едно пријателско објаснување, околу ангажираноста, и вашата неуморна работа на терен за големата победа  на Демократската Унија за Интеграција во секое населено место и во секој град.  Заедно успеавме да покажеме беспрекорна организација, дух и мобилизација. За мене претставува посебна чест и одговорност да ве претставувам во Собранието на Република С.  Македонија, но околностите денес ми наложуваат да донесам сосема друга одлука, пишува Бесими.

Особено сум горд што вашиот глас допринесе за реализација на најдобриот коалициски договор, што ние како политички субјект досега сме го имале, вклучувајќи ја идејата за прв премиер албанец. Овој договор го оценија како историски сите релевантни албански политички фигури. Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и волјата на народот,
изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собраието на РСМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во Собранието, вели Бесими.

Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободната волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по претходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието. Големите историски договори за доброто на народот, се над мојот пратенички мандат. Се враќам во служба на граѓаните, таму каде можам повеќе да допринесам, во мојата професија, во мојот град. Господ да ве благослови и посакувам заедно да постигнеме уште повеќе, во прилог на нашата заедничка благосостојба. Ви се заблагодарувам на вашата поддршка и доверба пишува Флорин Бесими.

Инаку вчера Антикорупциска реагираше дека има конфликт на интереси со тоа што братот Флорин Бесими, од позиција на пратеник ќе треба да биде изземен во гласањет за новата Влада, бо кој министер за финансии е предложен неговиот брат- Фатмир Бесими.