Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отворање и демократизација на партијата и на општеството во целост, објави Замир Мехмети актуелен член на одборот на директори на Телеком назначен од владата.
При моето одлучување, тргнав од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува. Јас бескомпромисно верувам во концептот “едно општество за сите” и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, револуционерна идеја. Во меѓувреме, како и до сега, останувам посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода како главни постулати на секое праведно општество. Борбата продолжува”, пишува Мехмети кој е брат на експратеничката на ДУИ Ермира Мехмети.