Македонија 26. јануари 2019. / 20:54

Братот на Борис Трајковски со јавна поддршка за Ѓорчев

Братот на Борис Трајковски со јавна поддршка за Ѓорчев

Братот на поранешниот претседател Борис Трајковски, Мојсеј Трајковски јавно го поддржа Влатко Ѓорчев, кој е првиот пријавен претседателски кандидат на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на својот официјален Фејсбук профил напиша:

– Јас Мојсеј Трајковски, брат на Борис Трајковски, давам целосна поддршка на кандидатот за претседател на Македонија-Влатко Ѓорчев кој е чесен и поштен човек и може да биде претседател на сите граѓани на државата – напиша тој.