Здруженијата на бранители на Македонија изразуваат поддршка за Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи. Тие истакнуваат дека тие секогаш ќе застанат зад човек што бил нивен соборец во 2001 година и којшто е подготвен да и служи на Македонија.
Целосно се спротивставуваме на отпорот и критиките кон неговото име. Патриот и служи на татковината секогаш и секаде и во сите околности. Очигледно неговата безсрашност предизвикува страв за криминалците, неговиот патриотизам предизвикува неспокој кон оние кои газат врз бранителите и нашата Македонија.
Ковачки предизвикува отпор, кај оние кои виткаат кичма, и се плашат од човек кој не се пазари со светата Македонска земја. Човек кој го веел и со горднст носел Македонското знаме во НАТО, Авганистан и Ирак, кој ја бранел нашата татковина заслужува денес да ја брани од криминалот, корупцијата и од виткањето кичма – порачуваат од здружението Прилепски бранители.