По примерот на Општина Сарај која ги ослободи од комуналии припадниците на ОНА и прилепските бранители бараат Општина Прилеп да ги ослободи од плаќање на комуналните давачки. Советникот и бранител Гоце Стефаноски ова прашање ќе го поставел на наредната седница на Советот на Општина Прилеп.
Бранителите се револтирани од долгогодишниот несоодветен третман кон нив од страна на државата, а последната одлука на Општина Сарај ја прелила чашата, пренесе Сител.
-Воопшто не не почиитуваат како бранители како личности кои навистина се заложиле за подобро општество и подобро утре. Не исмеваат на улица и не прашуваат : Зошто се боревте Вие ? Зошто Вие бевте во одбрана на државата, за да сега шетате по улици- вели Цане Тодороски, поранешен бранител.
Велат дека тие кои во 2001 година биле против Македонија сега имаат далеку поголеми права од нив. Се уште дел од бранителите се невработени и живеат во сиромаштија.
-Ако не плажам данок, ова она, јас со тиие парии ќе си купам леб. Јас сум невработен иако бев бранител во 2001 година. И мислам дека не е во ред јас да трпам за леб, а некој да не знае што да правии со парите- рече Тони Јосифоски, поранешен бранител.
Бранителите истакнаа дека ова барање ќе биде повод повторно на дневен ред да ги постават нивните други долгогодишни барања како што е неослободувањето од плаќање на здравствените услуги.
-Во последниов период се јавуваат големи здравствени проблеми кај бранителите како последица од поствоен синдром. Тое се воени стресови, кој ги чувствува порано, кој подоцна. А од страна на државното здравство немаме никакво ослободување- истакна Гоце Стефаноски, поранешен бранител и советник.
Од Општина Прилеп во моментов немаат став околу ова најново барање на бранителите, велат дека почекаат тоа офиицијално да биде доставено до Советот на Општина Прилеп, па потоа да биде и разгледано.