Македонија 16. април 2018. / 15:50

Бошњаковски откри чиј е моторот кој вчера го возеше Заев

Бошњаковски откри чиј е моторот кој вчера го возеше Заев

Премиерот Зоран Заев не го ставил моторциклот кој го возеше вчера во Крушево во неговиот анкетен лист затоа што тој не е во негова лична сопственост туку е во сопственост на семејната компанија на Заеви, Тотал инжинеринг – открива во изјава за Лидер.мк, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

-Моторциклот кој што го користеше претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев не е во негова лична сопственост и поради тоа не е наведен во неговиот анкетен лист. Возилото е во сопственост на семејната компанија Тотал инжинеринг и за него се платени сите давачки во согласност со законите и прописите во Република Македонија. – вели Бошњаковски во изјава за Лидер.

Во целиот случај интересно е што во регистерските таблици на моторциклот ги има иницијалите на премиерот, З.З.

Инаку, Тотал инженеринг е градежна компанија од Струмица која е во сопственост на братот на премиерот, Вице Заев. Која е потребата една градежна компанија да поседува моторцикл, останува непознато. За слична набавка, односно, користење за лична употреба на работи набавени на име на фирма, Специјалното Јавно Обвинителство ги терети Главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас и неговата заменичка Ивона Талевска.

Инаку премирот вчера возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.