Македонија 03. април 2019. / 12:29

Бошњаковски: Химната во ниту еден момент не била спорна, ниту ќе се менува

Бошњаковски: Химната во ниту еден момент не била спорна, ниту ќе се менува

Химната во ниту еден момент не била, ниту ќе биде спорна, ниту ќе се менува, дециден беше владиниот порпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конфернција на која одговараше на новинарско прашање зошо вчера не беше интонирана македонската химна на пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје.

Бошњаковски и денеска ја повтори вчерашната изјава дека немало време за одржување свечен пречек во кој би биле вклучени и други активноси освен интонирањето на државните химни на двете држави, поради доцнење на авионот на Ципрас.

Ниту некогаш се разговарала истата да претрпи измени, ниту некогаш ќе се разговара. Химната останува текстуално и инструментално истата. Вчера поради доцнење на авионот на грчката делегација, беа изоставени сите свечени активности при дочекот кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната пред Владата. Беа изоставени изоставени овие активности, со цел да се добие на време бидејќи посетата беше работна и во текот на цел ден имаше премногу активности, рече Бошњаковски.