Вицепремиерот Хазби Лика по неколку месеци, повторно почна да оди на работа во Владата, а денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека тоа што Лика не доаѓал на работа, не е знак дека не ги исполнувал обврските.
– Хазби Лика ги извршува своите обврски од административен аспект. Во одреден период тој не беше присутен на владините седници, но тоа не значи дека тој не ги исполнувал неговите тековни обврски. – рече Бошњаковски.