Дали вицепремиерот Бујар Османи ќе биде казнет оти зборуваше само на албански пред неколку дена кога ја промовираше работата на Агенцијата за спроведување на двојазичноста? На ова прашање владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска со сопствено толкување, надвор од законските одредби за двојазичноста, пренесе МакПрес.
– Веројатно две години имавте прилика да видите како функционира оваа влада, а тоа не е принципот на казнивост туку на добронамерност и соработка. – рече Бошњаковски.
На новинарско прашање дали ако тоа е така и значи дека секој може да прави што сака и да користи албански кога сака, без превод, односно да поставува табли на институциите само на албански односно само на еден јазик, Бошњаковски повторно со збунувачки одговор.
– Секако дека не, неказнивоста не важи за кршење на законот. – додаде Бошњаковски.