Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со ковид-19, се обрати преку својот „Фејсбук“ профил.
„Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност, Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите.
Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се!“, напиша Бошковски на „Фејсбук“.