Македонија 23. октомври 2019. / 20:56

Борко Ристовски во друштво на Дурлоски, Ганка и Кедев го честита празникот

Борко Ристовски во друштво на Дурлоски, Ганка и Кедев го честита празникот

„Министерот за одбрана“ Борко Ристовски преку фејсбук го честиташе Денот на македонската револуционерна борба. Тој на друштвената мрежа сподели фотографија од прославата на празникот во Прилеп.

Македонскиот ракометен голман е во друштво на Ганка Самоиловска Цветанова, Сашко Кедев и Игор Дурловски.

– Успешни и квалитетни луѓе се најлесни за комуникација. Заедно до обнова на Македонија! Честити празник, да живее организацијата, да живее Македонија, напиша Борко Ристовски.