Студентот Борјан Ефтимов е избран за претседател на универзитетското студентско собрание, дознава Лидер.
Како што дознаваме, новиот студентски лидер е избран со 26 гласа, наспроти 15 делегати колку што освоил неговиот противкандидат Александар Ѓоргиевски.
Инаку, Ефтимов доаѓа од правниот факултет Јустинијан први, а претходно беше дел од студентскиот пленум.
Минатата недела тој беше гостин во студиото на Лидер.