Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска, на денот на кој се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев посака идната година 150-годишнината да ја одбележи со, како што вели, браќата од С. Македонија.
„Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, војвода, деец на македоно-одринското револуционерно ослободително движење, еден од највидните наши заеднички историски херои. Да имаме мудрост в година заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, изјави Борисов.
Днес се навършват 149 години от рождението на Гоце Делчев – войвода, деец на македоно-одринското революционно…
Posted by Boyko Borissov on Thursday, February 4, 2021