Македонија 19. ноември 2020. / 16:52

Борисов: Ја поддржуваме Албанија за почеток на преговорите, но Македонија немаше доволна ангажираност

Борисов: Ја поддржуваме Албанија за почеток на преговорите, но Македонија немаше доволна ангажираност

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов рече дека ја поддржуваат Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, но оти тоа не можат да го кажат за Македонија. Тој вели дека немало доволно ангажираност од наша страна и затоа одговорот е негативен.

-За жал немаше доволна ангажираност од Македонија.Подготвени сме да продолжиме разговорите и да работиме на исполнување на Договорот за добрососедство-рече Борисов по средбата со албанскиот премиер Еди Рама.