Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, објави дека на владина седница донеле одлука да го поддржат почнувањето на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ. Сепак, како што истакна Борисов, Бугарија ќе инсистира да бидат почитувани добрососедските односи.
– Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија. Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на анти-бугарска идеологија спонзорирана од државата, напиша на фб премиерот Борисов.
На днешното правителствено заседание взехме решение да подкрепим започването на преговори на Република Северна Македония…
Posted by Boyko Borissov on Среда, 09 октомври 2019