Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Битола на денешниот митинг објави бомба, дека од страна на премиерот Зоран Заев му било понудено влез во Влада само да го прифати Договорот.
Во јануари 2018 година во клубот на пратеници се гледавме очи во очи кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат, ме гледавте и се согласивте со мене, има записник, дојде март во повторивме истиот став заедно, тајно преговаравте ја парчевте ја делевте татковината, делевте и тргувавте со нешто за што не сте се испотиле и крвареле за да го заработите. Луѓе гинеле Заев за ова парче земја, дојде мај исто така во клубот на пратеници ми рековте решението е Илинденска мисли си ти само му реков, ова е морковот господине Заев. Во Јули во клубот на пратениците, се гледавме очи во очи преговаравме и после пет часа ми рече еве ајде влези во Владата и сам бирај кои пет министерства ги сакаш, само прифати го Договорот ти одговорив мојот образ и достоинство како човек немаат цена, ова не го работам ниту за пари ниту за моќ не ми треба твоето милосрдие, уживај во твоите привлиегии и твојата слава зошто знам дека за пусти пари се работи за ништо друго, рече Мицкоски.