Македонија 24. ноември 2020. / 21:04

Болницата во Битола по 43 години ќе добие нов рентген апарат

Болницата во Битола по 43 години ќе добие нов рентген апарат

Модуларниот Ковид-центар, за чие подигање почнаа подготовки до Клиничката болница во Битола, ќе биде опремен со нова медицинска опрема со цел пациентите да имаат подобри услови за лекување, а и медицинскиот кадар за работа. Ќе добие и нов рентген апарат, покрај постоечкиот во Клиничката болница во Битола кој е стар 43 години, објави СДК.мк.

Модуларните болници стигнуваат целосно опремени од кревети, рентген апарати, ехо, клими. Она што ќе го добиеме се најсовремени услови за третман со сеʹ што е потребно, вклучително и рентген апарати и ехо. Рентген апаратот што го имаме е од 1977 година. Капацитетот ќе биде меѓу 90 и 120 легла кои првично ќе се користат, па ако има потреба ќе се прошируваме во старата зграда – рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничка болница Битола.