На денешното рочиште за случајот „Рекет“ се слушаат телефонски разговори помеѓу сведокот Орце Камчев и обвинетиот Бојан Јовановски.
Во еден од разговорите, Боки го убедува Камчев дека Апелација ќе го ослободи, а во друг бизнисменот бара од Боки да каже што конкретно треба да направи.
Одбраната на Јовановски побара овие снимки да не бидат прифатени затоа што не биле направени со ПИ мерки и не може да се утврди кој со кого разговара.
Забелешка имаше и самиот Боки, кој тврдеше дека снимките се незаконски направени.
– Водам приватен разговор и употребувам неточна правна терминологија. Приватно може да разговарам со кого сакам. Барам судот овие разговори да не ги прифати – рече Боки.