Во една од снимките кои денеска ги презентираше Обвинителството се гледа како Бојан Јовановски излегува од возило „Ренџ ровер“ на улицата „Стрезовска“. Бојан влегува во куќата додека возилото ја напушта локацијата.
На улицата „Стрезовска“ живееше поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која исто така е обвинета во овој случај и откаде беше приведена.