Македонија 21. јули 2020. / 13:24

Боки објасни како функционирал Меѓународен сојуз: На денот на формирањето имал прием кај Царовска

Боки објасни како функционирал Меѓународен сојуз: На денот на формирањето имал прием кај Царовска

Бојан Јовановски на табла и со фломастери еден час објаснуваше како фунцконирал неговиот „Меѓународен сојуз“ за кој нагласи дека не била хуманитарна организација.

Тој објани дека имале план за дејствување и цели кои треба да се остварат.

Според Боки, „Сојузот“ бил формиран на 7.6 2017 година, а на денот на формирањето имале прием кај министерката Мила Царовска.

Боки објасни дека како почесна претседателка била избрана тогашната пратеничка Фросина Ременски, а за почесни членови тогашниот британскиот амбасадор Чарлс Герет и поранешниот кошаркар Владо Илиевски.