Македонија 11. февруари 2020. / 10:46

Боки не е контактибилен, но му даваат таблети за смирување за да продолжи судењето

Боки не е контактибилен, но му даваат таблети за смирување за да продолжи судењето

На рочиштето за случајот „Рекет“, адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дукоски, соопшти дека врз обвинетиот не бил извршен конзилиарен преглед како што најави судијката Масевска.

Таа не дозволи денешното рочиште да се одложи.

Бојан не е контактибилен. Се жали на болки во абдоменот и му даваат седативи и таблети за смирување од болки. Барам конзилиарно мислење и да не се крши Уставот. Не ни е целта одложување на рочиштето – рече адвокатот.