Македонија 25. јуни 2020. / 11:24

Боки ќе пропее? Денеска Боки 13 на негово барање ќе дава исказ пред јавен обвинител!

Боки ќе пропее? Денеска Боки 13 на негово барање ќе дава исказ пред јавен обвинител!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на сопствено барање, утрово веќе би требало да дава исказ во Основното јавно обвинителство.

Според информациите од неговиот адвокат, исказот е на негово барање , при што Боки 13, тврди дека има несоборливи докази за вмешаност во сериозни криминали на дел од политичката елита на власта. За потсетување тој беше осуден минатата недела на 9 год. затвор заедно со екс специјалната обвинителка Катица Јанева, која доби 7 години затвор.