Обвинетиот Бојан Јовановски смета дека аудио и видео снимките со сведокот Орце Камчев се груба аматерска монтажа.
Станува збор за позната снимка од домот на бизнисменот кога таму доаѓаат Боки и Зоран Милевски – Кичеец и наводно земаат пари. Сепак, на смимката се гледа Јовановски само како влегува и излегува од куќата, но не и негов допир со парите.
– Ова е фрагранто лепење на видео материјали. Ова можам да го забележам бидејќи доаѓам од светот на телевизијата. Едната снимка е направена со мобилен телефон, а другата со сигурносната камера – објасни Јовановски.
Неговиот адвокат, пак, ја праша обвинителката од каде знае дека се работи за автомобил марка „Тирок“ кога тој гледа само едно портокалово возило.